Адренални и хипофизарни хормони
Кортизол е кортикостероиден хормон или произведени од zona fasciculata на надбубрежните кортекс, којa е дел од надбубрежните жлезди.[1] Тоj обично се нарекува „хормон на стресот“, со оглед на тоа што неговото ниво се зголемува при стрес и анксиозност. Влијае на зголемување на крвниот притисок и шеќерот во крвта и го намалува имунитетот. Разни синтетички форми на кортизол се користат за лекување на различни болести.
Кортизолот предизвикува зголемување на:
DHEA – SO4 (Дехидроепиандростендион сулфат)
Клиничко значење:
Претставува стероиден хормон кој настанува во надбубрежната жлезда од холестерол. Се одредува при контрола на синтезата на андрогените хормони кај возрасни мажи и е еден од показателите на активноста на тестисите и полицистичните јајници кај жените.
GH ( Соматотропин, хормон на раст)
Клиничко значење:
Се излачува од хипофизата. Основна улога има во раст и развој на сите ткива.
Хормонот на раст делува на метаболичките процеси во телото: синтеза на протеини, користење на масните киселини како извор на енергија.Со тоа го зголемува нивото на протеини во телото, ги троши мастите, а ги штеди јагленохидратите.
AD (Андростенедион)
Клиничко значење:
Претставува медијатор кој се лачи од адреналните жлезди и помага во синтезата на тестостеронот и естрогенот.
Зголемените вредности на овој хормон кај мажите доведуваат до појава на гинекомастија, кај жените се јавуваат при нарушувања на менструалниот циклус.
ACTH (Aдренокортикотропен хормон)
Клиничко значење:
Се лачи од хипофизата и ги стимулира надбубрежните жлезди за синтеза на хормонот кортизол.
Секрецијата на ACTH има дневни варијации: највисоки вредности се наутро од 06.00 – 08.00, а најниски од 21.00 – 22.00h.
Алдостерон
Клиничко значење:
Алдостеронот е главен минералокортикостероиден хормон, синтетизиран во адреналните жлезда.
Се лачи под дејство на хормонот ACTH.
Учествува во регулацијата на метаболизмот на натриум и калиум, како и во одржувањето и регулирањето на крвниот притисок.
VMA (Ванилмандалична киселина)
Клиничко значење:
Припаѓа на катехоламините и исто како и метанефрините се користи во дијагноза на феохромоцитом.
17 OH - Progesterone (PRG)
Клиничко значење:
Стероиден хормон кој настанува во надбубрежната жлезда од холестерол.
Се одредува при контрола на синтезата на андрогените хормони кај возрасни мажи.
Од значење е за активноста на тестисите и полицистичните јајници кај жените.
Metanephrines
Клиничко значење:
Катехоламините се матаболизираат во метанефрини, кои се излачуваат преку урината.
Катехоламините се излачуваат во вишок при феохромоцитом и тумори на нервното ткиво.