Адренални и хипофизарни хормони


Адренални и хипофизарни хормони


Кортизол  е кортикостероиден хормон или произведени од zona fasciculata на надбубрежните кортекс, којa е дел од надбубрежните жлезди.[1] Тоj обично се нарекува „хормон на стресот“, со оглед на тоа што неговото ниво се зголемува при стрес и анксиозност. Влијае на зголемување на крвниот притисок и шеќерот во крвта и го намалува имунитетот. Разни синтетички форми на кортизол се користат за лекување на различни болести.


Кортизолот предизвикува зголемување на:




DHEA – SO4 (Дехидроепиандростендион сулфат)

Клиничко значење:

Претставува стероиден хормон кој настанува во надбубрежната жлезда од холестерол. Се одредува при контрола на синтезата на андрогените хормони кај возрасни мажи и е еден од показателите на активноста на тестисите и полицистичните јајници кај жените.



GH ( Соматотропин, хормон на раст)

Клиничко значење:

Се излачува од хипофизата. Основна улога има во раст и развој на сите ткива.

Хормонот на раст делува на метаболичките процеси во телото: синтеза на протеини, користење на масните киселини како извор на енергија.Со тоа го зголемува нивото на протеини во телото, ги троши мастите, а ги штеди јагленохидратите.


AD (Андростенедион)

Клиничко значење:

Претставува медијатор кој се лачи од адреналните жлезди и помага во синтезата на тестостеронот и естрогенот.

Зголемените вредности на овој хормон кај мажите доведуваат до појава на гинекомастија, кај жените се јавуваат при нарушувања на менструалниот циклус.



ACTH (Aдренокортикотропен хормон)

Клиничко значење:

Се лачи од хипофизата и ги стимулира надбубрежните жлезди за синтеза на хормонот кортизол.

Секрецијата на ACTH има дневни варијации: највисоки вредности се наутро од 06.00 – 08.00, а најниски од 21.00 – 22.00h.



Алдостерон

Клиничко значење:

Алдостеронот е главен минералокортикостероиден хормон, синтетизиран во адреналните жлезда.

Се лачи под дејство на хормонот ACTH.

Учествува во регулацијата  на метаболизмот на натриум и калиум, како и во одржувањето и регулирањето на крвниот притисок.


VMA (Ванилмандалична киселина)

Клиничко значење:

Припаѓа на катехоламините и исто како и метанефрините се користи во дијагноза на феохромоцитом.


17 OH - Progesterone (PRG)

Клиничко значење:

Стероиден хормон кој настанува во надбубрежната жлезда од холестерол.

Се одредува при контрола на синтезата на андрогените хормони кај возрасни мажи.

Од значење е за активноста на тестисите и полицистичните јајници кај жените.


Metanephrines

Клиничко значење:

Катехоламините се матаболизираат во метанефрини, кои се излачуваат преку урината.

Катехоламините се излачуваат во вишок при феохромоцитом и тумори на нервното ткиво.