ЛИПИДЕН СТАТУС

ЛИПИДЕН СТАТУС 


Вкупен холестерол


За тестот: Определување на концентрацијата на вкупен холестерол (ХДЛ, ЛДЛ).


Примерок: Серум-Плазма - Венска или капиларна крв.


Подготовка пред земање на примерок: За повеќето лабораториски испитувања на крвта нее неопходна припрема која подразбира земање на примерок ( на празен стомак ) наутро, 12 часа од последниот оброк, но за испитување холестерол е пожелно.

Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето на крвта доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, холестерол, липиди, протеини, железо и други метаболити. За да се добијат веродостојни резултати, во договор со лекарот, вадењето на крвта треба да се врши после прекин со терапијата и wash out периодот ( времето неопходно целиот лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности ) – ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска терапија и др.

Референтни вредности: До 5.2 mmol/L

Забелешка: Холестеролот е супстанца ( стероид) којшто е неопходен за животот. Тој е составен дел од мембраните на сите клетки во ткивата и органите. Исто така, преставува дел и од хормоните за раст, развој и репродукција , како и дел од жолчните киселини кои се неопходни во варењето на храната. Мала количина од холестеролот циркулира во крвта во комплексни честички наречени липопротеини. Секој комплекс е комбинација од протеин, фосфолипид, холестерол и триглицерид, и во зависност од густината се класифицирани во ХДЛ, ЛДЛ и ВЛДЛ. ХДЛ (добриот холестерол) го носи вишокот на холестерол за отстранување. ЛДЛ (лошиот холестерол) го депонира холестеролот во ткивата и органите. Тестот за холестерол во крвта го мери тоталниот холестерол (ЛДЛ и ХДЛ). Следењето и одржувањето на добрите нивоа на холестерол е неопходно за здравјето на организмот. Вишокот на холестерол може да доведе до создавање на наслаги на крвните садови, кое доведува до стеснување на крвните садови, нивно зацвртстување (атеросклероза) и ризик од бројни нарушувања, меѓу кои инфаркт и мозочен удар.


ХДЛ ( добриот холестерол )


За тестот: Определување на концентрацијата на ХДЛ ( добриот холестерол ).

Примерок: Серум-Плазма - Венска или капиларна крв.



Референтни вредности мажи над 1,2 жени над 1,4 mmol/l

Забелешка: Холестеролот е супстанца ( стероид ) којшто е неопходен за животот. Тој е составен дел од мембраните на сите клетки во ткивата и органите. Исто така, преставува дел и од хормоните за раст, развој и репродукција , како и дел од жолчните киселини кои се неопходни во варењето на храната. Мала количина од холестеролот циркулира во крвта во комплексни честички наречени липопротеини. Секој комплекс е комбинација од протеин, фосфолипид, холестерол и триглицерид, и во зависност од густината се класифицирани во ХДЛ, ЛДЛ и ВЛДЛ. ХДЛ (добриот холестерол) го носи вишокот на холестерол за отстранување. ЛДЛ (лошиот холестерол) го депонира холестеролот во ткивата и органите

ЛДЛ (лошиот холестерол)


За тестот: Определување на концентрацијата на ЛДЛ ( лошиот холестерол )

Примерок: Серум-Плазма - Венска или капиларна крв.



Референтни вредности 2,2 – 3,7 mmol/l

Забелешка: Холестеролот е супстанца ( стероид ) неопходен за животот. Тој е составен дел од мембраните на сите клетки во ткивата и органите. Исто така, преставува дел и од хормоните за раст, развој и репродукција , како и дел од жолчните киселини кои се неопходни во варењето на храната. Мала количина од холестеролот циркулира во крвта во комплексни честички наречени липопротеини. Секој комплекс е комбинација од протеин, фосфолипид, холестерол и триглицерид, и во зависност од густината се класифицирани во ХДЛ, ЛДЛ и ВЛДЛ. ХДЛ (добриот холестерол) го носи вишокот на холестерол за отстранување. ЛДЛ (лошиот холестерол) го депонира холестеролот во ткивата и органите. Вишокот на холестерол може да доведе до создавање на наслаги на крвните садови, кое доведува до стеснување на крвните садови, нивно зацвртстување (атеросклероза) и ризик од бројни нарушувања, меѓу кои инфаркт и мозочен удар


Триглицериди
За тестот: Тест за определување на концентрацијата на триглицеридите во крвта.

Примерок: Серум-Плазма - Венска или капиларна крв.


Референтни вредности до 1,7 mmol/l

Забелешка: Триглицеридите се дел од стандардниот липиден профил при проценка на липидниот статус и општата состојба на организмот. Најголемиот дел од триглицеридите се наоѓаат во масното тиво, но еден дел од нив циркулира во крвта и го носи вишокот на мастите во масното ткиво за складирање, за да се ослободат како извор на енергија подоцна, кога ќе биде потребно. Високи нивоа на триглицериди во крвта се поврзани со развој на кардиоваскуларни заболувања.