МЕТАБОЛИТИ-деградациони продукти

МЕТАБОЛИТИ - ДЕГРАДАЦИОНИ ПРОДУКТИ

*     Билирубин вкупен

*     Билирубин директен

*     Билирубин индиректен

*     Уреа

*     Креатинин

*     Мокрачна киселина 

Билирубин вкупен

Клиничко значење:

Билирубинот е  краен продукт на распаѓање на хемоглобинот,

Во црниот дроб  се конјугира и се екскретира преку жолчката. Конјугираниот билирубин уште се нарекува и директен, а неконјугираниот – индиректен.

Во урината може да се појави само директниот билирубин што е знак  за црнодробно заболување.

При хемолиза се покачува неконјугираниот (индиректен) билирубин.

Клиничното значење за одредувањето на билирубинот се однесува на дијагнозата на жолтица и пратење на лекувањето од истата.

Билирубин директен

Клиничко значење:

Претставува краен продукт на распаѓање на хемоглобинот, се конјугира во црниот дроб и се екскретира преку жолчката. Конјугираниот билирубин уште се нарекува и директен, а неконјугираниот – индиректен. Во урината може да се појави само директниот билирубин и е параметар за црнодробно заболување. При хемолиза се покачува неконјугираниот (индиректен) билирубин.

Клиничното значење за одредувањето на билирубинот се однесува на дијагнозата на жолтица и пратење на истата.

Билирубин индиректен

Уреа

Клиничко значење:

Краен метаболен продукт од катаболизмот на протеините. Се отстранува од организмот преку бубрезите со иста брзина со која настанува, за да не дојде до натрупување во крвта и појава на уремија.

Концентрацијата на уреа се зголемува при бубрежни заболувања и затоа нејзиното одредување во серум и урина се користи за следење на фунцијата на бубрезите.

Креатинин

Клиничко значење:

Метаболички производ на креатинин и фосфокреатинин од мускулите.

Клиничкото значење на одредувањето на креатининот е во дијагноза и третман на бубрежни заболувања.

Концентрацијата на креатинин се одредува во серум и урина.

Мочна киселина

Клиничко значење:

Производ на катаболизмот (разложувањето) на пурините. Зголемени вредности се јавуваат кај ГИХТ (таложење на кристали на мочна киселина во зглобовите), заради намалена филтрација на бубрезите. Може да се јават и кај висок крвен притисок, трудници, алкохолишари, труење со храна и др. Намалената концентрација е без дијагностичко значење.

Концентрација се одредува во серум и урина.