РЕПРОДУКТИВНИ ХОРМОНИ


РЕПРОДУКТИВНИ ХОРМОНИ



HCG (Хуман хорионски гонадотропин)

Клиничко значење:

Протеин кој се лачи во ткивото на плацентата и се нарекува хормон на бременоста.

Неговата функција е подршка на жолтото тело во јајникот, кое се формира од седум до девет дена од бременоста со лачење на хормонот прогестерон.

Се испитува за да се потврди бременоста кај жената.



Естрадиол

Клиничко значење:

Се синтетизира примарно во овариумите и во кората на надбубрежната жлезда.

Кај жените учествува во развој на секундарните полови карактеристики.

Кај мажите во мали концентрации се синететизира во набубрежните жлезди и тетстисите.



FSH (Фоликулостимулирачки хормон)

Клиничко значење:

Овој хормон кај жените учествува во контрола на менструалниот циклус и во продукција на јајце клетките во овариумите.

Кај мажите, учествува во продукција на спермата.

Анализата на FSH може да даде информација за работата на половите органи кај мажите и жените.




PRG (Прогестерон)

Клиничко значење:

Прогестеронот се создава во овариумите (јајчниците).

Го регулира менструалниот циклус, а има важна улога во одржување на бременоста до образување на плацентата.



LH (Лутеинизирачки хормон)

Клиничко значење:

LH се лачи кај двата пола:

Кај женскиот пол стимулира созревање на фоликул, овулација и формирање на жолто тело (corpus luteum).

Учествува и во стимулација и секреција на естроген и прогестерон.

Кај мажите учествува во ослободување на хормонот тестостерон.



PRL (Пролактин)

Клиничко значење:

Основна функција на пролактинот во организмот кај жената е да го забрза развојот на дојките во текот на бременоста и да ја почне продукцијата на млеко во нив.

Се испитува за мониторинг на функцијата на хипофизата, млечните жлезди, нарушувања во менструалниот циклус и половите органи.

Кај мажите е битен за функција на половите органи.



Тестостерон

Клиничко значење:

Претставува основен машки полов хормон кој се синтетизира во тестисите под контрола на LH.

Kај жените го има во мали количини, а кај двата пола се синтетизира во кората на надбубрежната жлезда.

Во крвта се наоѓа врзан за албумините (38%), околу 2% слободен, а останатиот дел е во врзана форма како (SHBG).

Кај жените се испитува при заболување на јајниците и појава на стерилитет.

Кај мажите тестостеронот е важен  при нарушувања на половата функција.


AMH (Anti Mullerian Hormone)

Клиничко значење:

Овој хормон е параметар за оваријалните резерви.

Се испитува за одредување на репродуктивниот потенцијал кај жената.