Хематолошки статус


Хематолошки статус


image



Крвна слика автоматска диференцијална со 26 параметри 

Клиничко значење:

Комплетна крвна слика една од најзначајните рутински лабораториски испитувања.

Резултатите од крвната слика претставуваат одраз на крвните клетки во коскената

срцевина, како и нивниот однос во крвната циркулација.

Комплетната крвна слика (KKS) се изработува на најсовремен автоматски

 хематолошки анализатор (бројач) и ги мери/пресметува следните параметри:

WBC(White blood cells)-леукоцити, бели крвни клетки-претставуваат клеточен

дел од имунолошката одбрана на организмот. Бројот на леукоцити зависи од

возраст, физичка активност, бременост, стрес и друго. Одредени патолошки

состојби, инфекции на специфични органи или ткива, најчесто се придружени

со зголемување на вкупниот број на леукоцити. На тој начин организмот се брани

од инфекции.

Изработка на крвна слика со дури 26 параметри, вклучувајќи ја и 5-диференцијалната
леукоцитната лоза (неутрофили, базофили, еозинофили, лимфоцити, моноцити) како
важен одговор при разни имунолошки реакции во организмот.


Во вкупниот број на леукоцити постојат 5 групи на истите, од кои најзстапени се

гранулоцитите и лимфоцитите.

HGB (Hemoglobin)– хемоглобинот е протеин кој се наоѓа во состав на еритроцитите,

содржи железо и овозможува транспорт на кислород во ткивата.Ниските вредности

на хемоглобинот посочуваат на анемија.

MCH(Mean Corpuscular Hemoglobin)– среден корпускуларен хемоглобин во

еритроцитот.

MCHC(Mean Corpuscular HemoglobinConcentration)- просечна концентрација

на хемоглобин во еритроцитите.

RBC(Red blood cells)- еритроцити, црвени крвни клетки. Нивна основна задача е

пренос на кислородот до сите ткива и органи.Содржат хемоглобин, кој го пренесува

кислородот што во голема мера зависи од нивниот број. Намалување на бројот  доведува до анемија.

MCV(Мean Corpuscular Volume)- среден волумен на еритроцити, зависи од вкупниот број еритроцити и концентрацијата на хемоглобинот.

RDW(Red Cell DistributionWidth)- варијабилност на еритроцитите во однос на големината и волуменот.

HCT(Hematocrit) - хематокрит е однос на волуменот на еритроцитите и волуменот на полната крв во примерокот.

PLT (Platelets) - Тромбоцити (крвни плочки)– имаат значајна улога при коагулацијата и формирање на крвен тромб.

MPV(Mean platelet volume) - просечна големина на тромбоцитите во волуменот на крв.



Седиментација на еритроцити (SE)

Клиничко значење:

Седиментација претставува брзината на таложење на еритроцитите in vitro за одреден временски интервал. Така се формира столб од крвни елементи во епруветката која се поставува до градуирана скала, а во горниот дел останува плазмата. Брзината на таложење на еритроцитите зависи од повеќе фактори. Седиментацијата може да биде зголемена при воспалителни процеси, но и во физиолошки состојби како што се : бременост, менструален циклус, по обилен оброк, старост и друго. Намалени вредности се јавуваат при алергии, српеста анемија, високо ниво на шеќер во крвта и друго.