ХEМОСТАЗА


 ХEМОСТАЗА


  • Хемостаза претставува одбрамбена реакција на организмот. Тоа е процес на запирање на крварење при повредa на крвен сад кој започнува со: стеснување на крвните садови, создавање на тромбоцитен чеп, коагулација на крвта.
    Коагулацијата претставува процес во кој се создаваа фибрински згрушок (коагулум) при оштетување на крвен сад. Тоа претставува комплексен процес кој се одвива во многу фази и во кои учествуваат активни форми на одредени фактори на коагулација. 


Време на крварење

Клиничко значење:

Временски период во кој доаѓа до запирање на крварењето кое може да биде продолжено при пореметувања во коагулацијата на крвта.

 

Време на коагулација

Клиничко значење:

Временски период во кој доаѓа до формирање на коагулум. Продолженото време на коагулација посочува на
пореметување на хемостазата. Очекувано време на коагулација е 4-10 минути.


PT (Протромбинско време)

Клиничко значење:

Протромбинското време (PT) е параметар за детекција на пореметување на егзогениот пат на хемостазата (коагулација).

Се одредува предоперативно, при заболувања на црниот дроб и пратење на антикоагулациската терапија, при што се користи односот INR ( меѓународен нормализиран однос).


TT (Тромбинско време)

APTT (Aктивно парцијално тромбопластинско време)

Клиничко значење:

 И овој тест на хемостазата е битен за откривање на пореметувања во процесот на коагулација, односно служи за откривање на дефецит на еден или повеќе фактори на коагулација.

 Битен е за пратење на терапија со хепарин.


Фибриноген

Клиничко значење:

Фибриногенот е протеин и битен фактор во процесот на коагулација на крвта.

Неговото одредување посочува и на постоење  ризик од кардиоваскуларни болести.

Зголемени вредности се јавуваат при акутни инфекции, инфламаторни процеси, малигноми, срцеви и мозочни удари.


D-димер

Клиничко значење:

Анализата D-Dimer има голема примена во дијагноза на тромбози и пратење на тромболитична терапија.

Зголемени вредности се сретнуваат :

- при тромбоза на длабоките вени (DVT),

- белодробна емболија (PE) и

- ДИК (дисеминирана интравакуларна коагулација).